Пустински цвет – миро

170 ден


Мирото е традиционален монашки благослов. Со него Мироносиците го помазале телото на Господ Исус Христос, а Марија нозете Негови пред страдањето. Се нарекува и „елеј на благодарност”.

Чудесно ги лекува и успокојува човечкото тело и ум. Светиот апостол Јаков во своето послание порачува: „Болен ли е некој меѓу вас, нека ги повика свештениците црковни, та да се помолат над него, и нека го помажат со елеј во името Господово. И молитвата со вера ќе го исцели болниот, и Господ ќе го крене; и гревови, ако направил, ќе му се простат.“

Неговата симболика во православното предание е многу важна, бидејќи Мирото ги симболизира даровите на Светиот Дух, а ја симболизира и аромата на верата, кротоста на срцето и ревноста кон Бога.

Tежина: 25 ml
Состав:   неколку капки елеј од Богородичното кандило, бадемово масло, природна арома од пустински цвет и смирна

Достапно во амбалажа практична за носење со вас. Да не се употребува за пиење, туку само за надворешна употреба!

SKU: GL4pc Категории , ,