Богородични владички одејанија
Дизајнот за овие одејанија е од моделот Матка, по примерот на македонската носија. Сината боја, како основа, е ползувана заради изборот на Богородичните икони, кои се дел од ова одејание- со што истото доби нов поинаков изглед.
Сакосот е изработен како комбинација на две нијанси на сурова свила, вшиени меѓусебно со вез од сребрена срма.