Филигранска пеперутка – мала торба

800 ден


Уникатна мала торба со вез инспириран од филигрански пеперутки во префинети нежни сино сребрени нијанси.

Пеперутката има неколку фази на развој. Во првата таа е гасеница, потоа во втората фаза се обвива во кожурец. Последната- пеперутката е симбол на новото раѓање, воскресението, новиот живот, кон кој треба да се стреми секој христијанин.

Филигранството е најделикатен начин на обработка на накит, кој главно користи скапоцени метали, како злато и сребро, во уметнички изработки креирани со испреплетување на мали и минијатурни монистра и виулести нишки, меѓусебно или врз друг предмет, во една целина. Често неговата кревкост асоцира на текстура на чипка. Одлика е за уникатен луксузен дизајн и префинето занаетчиство.

 

Димензии:19 x 22 x 13 cm
Боја: црна
Материјал: памучен кепер, Gunold Sulky 100% вискозен конец, сребрена срма