Ксенофонт крст во рамка

800 ден


Мотивот за крстот е од Осмогласник- Антологија од 1671 во манастирот Ксенофонт.
Тоа е сопствениот Осмогласник на Хризафис Помладиот, со нови мелодиски украси и нови мелафонични музички знаци, по кои и денес пеат псалтите во Цариград. Дополнет е со Антологија, која ги вклучува сите композиции на Хризафис до времето на пишувањето во 1671 година.
Содржи седум прекрасни полихроматски(повеќебојни) минијатури. Една од нив се користи за композицијата (вплетувањето) на овој Ксенофонт крст. Користени се златна срма и вискозни/свилени конци во црвена и сина боја.

 


Димензии: 10 х 15 cm
Боја: златна, црвена, сина
Материјал:сатен, срма, Gunold Sulky 100% вискозен конец