Лесново владички одејанија

 

На овие одејанија, дизајнот на везот е компониран според детали од епитрахил на Св.Јован Богослов, фреска во олтарниот источен ѕид во храмот посветен на св. Архангел Михаил во Лесновскиот манастир.  Лесновскиот манастир е основан и посветен на св.Архангел Михаил во 11 век- од св.Гаврил Лесновски кој самиот 30 години живеел во испосница во околината, сочувана до денес. Возобновен е во 1341 година од Деспот Јован Оливер. Фрескоживописот, од кој се земени и споменатите детали за везот, е завршен во 1347 година најверојатно од четворица зографи.

 

 

Материјал:  памучно кадифе
Конец: Japan’s LumiRex metalic  срма