Скопска блатија – мала торба

800 ден


Практична мала торба со вез од Скопска Блатија, изработена од квалитетен памучен кепер материјал, цврст, двостран и отпорен на кинење.

Овој вез е земен од бордура на предeн долен дел на женска кошула. Таа е дел од празнична носија од источно-скопскиот регион- познат под името Скопска Блатија. Извезен е во црвен, црн, зелен и син, квалитетен 100 % вискозен конец, со испреплетени нишки од златна срма.

 

Димензии: 19 x 22 x 13 cm
Боја: крем и циклама
Материјал: памучен кепер, Gunold Sulky 100% вискозен конец