Сребрен медалјон со икона на Пресвета Богородица -Матка

1.500 ден

 

Приврзок за ланче со сребрен медалјон со ласерска гравура на икона на Пресвета Богородица со Богомладенецот -Матка. Изработен од анти-алергиска легура од 92,5 % сребро, без никел, со родимуска позлата, која го зголемува сјајот и трајноста. Ваквата обработка спречува потемнување и корозија, и го прави безбеден за постојано носење, за тие со сензитивна кожа.

Самата икона, според која е направена ласерската гравура на медалјонот, е од 19-ти век, иконописана од Дичо Зограф или некој од неговите ученици. Димитар Крстев Дичов(1819г.-1872г.) е македонски иконописец, претставник на дебарската школа. Тој е еден од најпознатите иконо и фреско-сликари на Балканот во 19-век. Во неговиот краток живот иконописал повеќе од 2.000 икони.
Иконата била дел од иконостасот, а денес има посебно место во самиот храм. Се случувало, многу ретко, да се види на неа- како просолзува Пресвета Богородица -Единствената, засекогаш, застапничка за сите.

 

 

Димензии: 10 x 15 mm
Материјал : сребро, родиум