Успенско Владимирски – крст во рамка
800 ден
Везот е земен од одеждите дизајнирани според орнаменти од фрескописот при познатиот руски храм „Успение на Пресвета Богородица“ во градот Владимир, Русија. Станува збор за извонреден споменик на руското градителство изграден во XII век. Самата црква е виртуозно архитектонско достигнување со уникатен, еминентен, живописен фрескопис, со димензии од 300 метри квадратни. Фрескописот е изработен од познатиот иконописец Андреј Рубљов и неговиот ученик монахот Даниел Чорни, кои ја доловуваат сензитивноста и убавината на византиското фреско-сликарство.
Самиот вез е составен од еден, од еднаквите елементи во симболот вечност фрескописан во храмот. Тој елемент кружно се пресликува и повторува, на тој начин што и внатре во самиот крст образува двоен крст. Основата на везот е со срмени нишки над кои се опшива цртеж со свилен конец.
Димензии: 10 х 15 cm
Боја: златна
Материјал: сатен, Gunold Sulky 100% вискозен конец.