Шолја – Филигранска пеперутка

500 ден


Керамичка шолја со ракотворба на мотив инспириран од филигрански пеперутки во префинети нежни сино сребрени нијанси, изработена со контурни пасти. Процесот на изработка, подразбира печење за прицврстување и поголема трајност на боите.

Пеперутката има неколку фази на развој. Во првата таа е гасеница, потоа во втората фаза се обвива во кожурец. Последната- пеперутката е симбол на новото раѓање, воскресението, новиот живот, кон кој треба да се стреми секој христијанин.

Филигранството е најделикатен начин на обработка на накит, кој главно користи скапоцени метали, како злато и сребро, во уметнички изработки креирани со испреплетување на мали и минијатурни монистра и виулести нишки, меѓусебно или врз друг предмет, во една целина. Често неговата кревкост асоцира на текстура на чипка. Одлика е за уникатен луксузен дизајн и префинето занаетчиство.

 

Димензии:
Материјал: керамика, контурни пасти
Боја на шолја: бела
Боја на контурни пасти: црна, златна