Хераклеа – тоте торба
1.600 ден
Практична торба за на рамо со дизајниран вез на еден елемент од бордурата на нартексот на ранохристијански мозаик на Големата базилика, при античкиот археолошки локалитет Хераклеа Линкестис, во околината на Битола.
Хераклеа, главниот град на Линкестида, област во Горна Македонија, во непосредна близина на Битола, е еден од позначајните градови на античка Македонија. Нејзиното основање се поврзува со Филип II, кон средината на 4 век п.н.е. Hајзначаен развој на мозаикот во Хераклеа е петтиот и првата половина на шестиот век односно до крајот на периодот на Јустинијан I.
Поставеноста на лебедите еден кон друг е слободна интерпретација во нашиот дизајн. Како дел од бордурата претставена од само водни животни, везот користи светло сини и темно сини тонови, нијанси на бела, плантон зелена и мермерно црвена боја.
Изработена од квалитетен памучен кепер материјал, цврст, двостран и отпорен на кинење, како и вискозен конец.
Димензии: 37 x 40 cm
Боја: песок боја.
Материјал: памучен кепер, Gunold Sulky 100% вискозен конец