МКД – мала торба
800 ден
Автентична мала торба со автентичен македонски вез. Изработена од памучен црн кепер материјал, цврст, двостран и отпорен на кинење. Везот е во црвен, тиркизен и златен квалитетен 100 % вискозен конец.
Македонскиот народен вез се пренесувал континуирано од поколение на поколение, согласно со битијноста и верата на македонскиот народ во продолжување на традицијата. Еволуцијата на оваа уметност, чии корени влечат уште од прасловенско време, секако во себе вклопила траги и наслојувања од разни изминати епохи и култури. Македонските везови се најчесто полихромни, со повеќе тонски градации од исти бои и строга геометриска орнаментика.
Димензии: 19 x 22 x 13 cm
Боја: црна
Материјал: памучен кепер Gunold Sulky 100% вискозен конец