Плаштаница на Пресвета Богородица

 

Везот на плаштаницата е според моделот Новотихвински. Самата икона е везена според фреската на Успение на Пресвета Богородица во Перивлепта, со исклучок на одарот и Пресвета Богородица на одар. Тие се везени според икона на Андреј Рицо, Критска сликарска школа, од крајот на 15-ти век, денес во галеријата Сабауда во Торино.