Разделник – Кулу крст

150 ден

 

Дизајнот кој е извезен на разделникот (одбележувачот) е според дел од носија -волненa ткаенa наметка (слична на тесен тенок килим) која завршува со кратки реси, од Кулу, село во подножјето на Хималаите во Индија.
Иако оригиналниот дизајн е од Кулу, истите елементи, со крстови, па дури и со исти бои, се широко користени на македонските традиционални носии и ткаени килими.
Ткаењето се практикува во многу делови на светот. Едни од најстарите, се многуте зачувани примероци уште од раната христијанска ера во Египет, и се популарно познати како коптски ткаенини. Во Кулу, и до денес, традиционалната носија го задржала крстот како значаен дел во својот дизајн низ вековите.
Црквата во Индија ја засновал светиот апостол Тома. Поставил свештеници и епископи, и пострадал маченички таму.


Димензии: 2.5 х 24 cm
Боја: црна, црвена
Материјал: кепер, срма, Gunold Sulky 100% вискозен конец.