Скопска Блатија – тоте торба

1.800 ден

Практична торба за на рамо со вез од Скопска Блатија, изработена од квалитетен памучен кепер материјал, цврст, двостран и отпорен на кинење.

Овој вез е од ракав на женска празнична кошула. Таа е дел од носија од источно-скопскиот регион- познат под името Скопска Блатија. Мотивот на везот е именуван „девет цвета“. Пет од нив образуваат крст вертикално-хоризонтално, а пет по двете дијагонали. Малиот крст опколен со златни нишки го има и централното место во бордурата.

Димензии: 37 x 44 cm
Боја: крем
Материјал: памучен кепер, Gunold Sulky 100% вискозен конец