Шолја – Златоуст Манастир
550 ден
Керамичка шолја со ракотворба на мотив од фрескоживописот на храмот Св.Јован Златоуст, изработена од контурни пасти. Процесот на изработка, подразбира печење за прицврстување и поголема трајност на боите.
Храмот припаѓа на манастирот посветен на Св.Јован Златоуст, споменуван уште од 11век, во неколку царски повелби, како метох на значајниот Скопскиот манастир Св Георги Скоропомошник-Горг. Денес во рушевини, во кањонот Матка. Едниот храмов ѕид е огромна карпа, која се уште носи фрагменти од фрескоживописот.
Тие пленат со својот спокој и чистина на изразот, кои ретко може да се сретнат, и сведочат за Животот во манастирот. Во еден од самите кругови на овој дел од живописот, по нашата скромна реконструкција, бил нацртан симболот -Вечност.
Мотивите на крстот и тролисно дрво се од вграден камен олтарен столб (6-ти век), во Богородичниот Манастир Матка.
Димензии:
Материјал : керамика, контурни пасти, бои за керамика
Боја на шолја: бела-однадвор, кафена-одвнатре
Боја на контурни пасти: црна.