Лесновски свештенички одејанија

 

Идентично со моделот Лесново – основата на дизајнот на везот е компонирана според детали од епитрахил на Св.Јован Богослов, фреска во олтарниот источен ѕид во храмот посветен на св. Архангел Михаил во Лесновскиот манастир. За моделот Лесновски, дизајнот е дополнет со повеке линии, и е подготвен во обратна перспектива, истакнувајќи ја самата златна основа на материјалот.

Везот е изработен е по пример на стар сакос од Московскиот патријарх Фотиј од 14-ти век. Кружно поставен на фелонот, везот завршува со текстот на Господовата молитва (по избор – на македонски јазик).  Соодветно, на  епитрахилот, левото и десно ракавче и надбедреникот, се прозбите кои ги произнесува свештеникот при  нивното облекување.

Иконите се во дел по избор на нарачателот. Покрај учесниците во самите настани претставени на грбниот крст на иконата на  Христовото Распетие, во овални икони се претставени : Архангел Гаврил и Пресвета Богородица од Благовештение, Свети Јосиф и Пресвета Богородица со Христос од Рождество Христово. Изборот на икони соодветно на двете одејанија е – Свети Јоаким и Ана од Воведение Богородично, Свети Захариј и Елисавета, Свети Кирил и Методиј, Свети Климент и Наум, Свети  Гаврил Велички и Свети Гаврил Лесновски – на едното и – Свети Константин, Света Марина, Свети Јован Крстител, Свети Илија, Пресвета Богородица и Господ Исус Христос – на другото одејание од истиот модел. Во цел раст на надбедреникот е везената икона на Господ Исус Христос на престол.

 

Материјал:  сип
Конец:  Gunold Sulky, Gunold Mety, Madeira Gold, LumiRex Metallic

SKU: SSV0LL Категории , ,