Старо-Македонски владички одејанија
Кај ова одејание, на завршниот дел на омофорот се користени елементи дизајнирани според релјеф на камен од ранохристијанска црква во епископоското седиште на локалитетот „Чебрен“ на античкиот град Антанија во Македонија I. Самиот средишен дел, и епитрахилот претставува стилизиран дизајн врз основа на цртеж од предната страна на поменикот на Бигорскиот манастир, од XVI-XVIII -ти век.