Филигрански пеперутки во рамка
1.200 ден
Основа на везот се филифранските брошеви во форма на пеперутки.
Пеперутката има неколку фази на развој. Во првата таа е гасеница, потоа во втората фаза се обвива во кожурец. Последната- пеперутката е симбол на новото раѓање, воскресението, новиот живот, кон кој треба да се стреми секој христијанин.
Филигранството е најделикатен начин на обработка на накит, кој главно користи скапоцени метали, како злато и сребро, во уметнички изработки креирани со испреплетување на мали и минијатурни монистра и виулести нишки, меѓусебно или врз друг предмет, во една целина. Често неговата кревкост асоцира на текстура на чипка. Одлика е за уникатен луксузен дизајн и префинето занаетчиство.
Димензии: 21 х 29 cm
Боја: златна
Материјал: сатен, срма