Матка – мала торба

800 ден


Мала торба на која е навезен одразот на сегашниот изглед на манастирскиот храм посветен на „Успение на Пресвета Богородица“, препознатлив по својата ахритектура.
Храмот е граден во 1337 година по урнек на светогорските храмови, а во форма на втиснат крст со едно кубе. Во самите ѕидови, како сведоштво за постоењето на постар храм, и своевиден приказ на континуитетот на Литургискиот живот, се вградени камени делови од олтарниот иконостас, столбови, пиластри со и без камена пластика сите од IV век.
Самиот храм има централно место во манастирот-Матка, и е главно негово обележје.
Везот е во една боја, со квалитетен 100 % вискозен конец на основа од памучен кепер.

 

Димензии:19 x 22 x 13 cm
Боја: црна
Материјал: памучен кепер, Gunold Sulky 100% вискозен конец.