МКД – тоте торба

1.500 ден

Автентична торба за на рамо, со уникатен македонски вез, практична за секојдневна употреба. Изработена е од памучен црн кепер материјал, цврст, двостран и отпорен на кинење. Везот е во црвен, тиркизен и златен квалитетен 100 % вискозен конец.

Македонскиот народен вез се пренесувал континуирано од поколение на поколение, согласно со битијноста и верата на македонскиот народ во продолжување на традицијата. Еволуцијата на оваа уметност, чии корени влечат уште од прасловенско време, секако во себе вклопила траги и наслојувања од разни изминати епохи и култури. Македонските везови се најчесто полихромни, со повеќе тонски градации од исти бои и строга геометриска орнаментика.

Димензии: 37 x 40 cm
Боја: црна.
Материјал: памучен кепер, Gunold Sulky 100% вискозен конец