Приврзок за клуч- Пресвета Богородица Троеручица

170 ден


Приврзок за клуч со ласерска гравура во медалјон од месинг на иконата- Пресвета Богородица -Троеручица.
Првата икона Троеручица е од VII век, кога по молитвите на Пресвета Богородица, на чудесен начин му била исцелена отсечената десна рака на св. Јован Дамаскин од иконоборците. Во знак на благодарност, св Јован дал да се изработи сребрена рака и да се постави на самата икона.
Иконата на Пресвета Богородица со Богомладенецот, со сребрен оков на нејзините раце, и додаден сребрен оков од рака- во спомен на чудото, според која е изрaботена гравурата на медалјонот, е дел од ризницата на Манастирот Успение на Пресвета Богородица – Матка.

 

 

Димензии: 3 x 5 cm
Материјал : месинг(легура на бакар и цинк)