Шолја – Манастир Матка
550 ден
Керамичка шолја со ракотворба на одразот на сегашниот изглед на манастирскиот храм посветен на „Успение на Пресвета Богородица“- Матка, изработена од контурни пасти. Процесот на изработка, подразбира печење за прицврстување и поголема трајност на боите.
Храмот, препознатлив по својата архитектура, е граден во 1337 година по урнек на светогорските храмови, а во форма на втиснат крст со едно кубе. Во самите ѕидови, како сведоштво за постоењето на постар храм, и своевиден приказ на континуитетот на Литургискиот живот, се вградени камени делови од олтарниот иконостас, столбови, пиластри со и без камена пластика сите од IV век. Самиот храм има централно место во манастирот-Матка, и е главно негово обележје.
Материјал : керамика, контурни пасти
Боја на шолја: бела однадвор, индиго-одвнатре
Боја на контурни пасти: црна, сина