Шолја – Скопска Блатија
550 ден
Керамичка шолја со ракотворба на мотив од носија, изработена од контурни пасти. Просецот на изработка, подразбира печење за прицврстување и поголема трајност на боите.
Овој вез е од ракав на женска празнична кошула. Таа е дел од носија од источно-скопскиот регион- познат под името Скопска Блатија. Мотивот на везот е именуван „девет цвета“. Пет од нив образуваат крст вертикално-хоризонтално, а пет по двете дијагонали. Малиот крст опколен со златни нишки го има и централното место во бордурата.
Димензии:
Материјал : керамика, контурни пасти
Боја на шолја: бела однадвор, индиго-одвнатре
Боја на контурни пасти: црна, црвена, златна, сина