Стоби свештенички одејанија
Мозаиците од археолошкиот локалиетот Стоби се основа за дизајните на овој модел одејанија.
На епитрахилот е вклопен мотив дизајниран според Псалмот 42, кој е дел од мозаик од така наречената „куќа на псалмите“.
Псалмот 42.1- „Како што кошутата жеднее по изворн водни, така и мојата душа жеднее за Тебе, Господи !“, ја споредува жедта на човекот за Бога – самиот Извор на Животот, со таа на кошутата. Имено, кога таа ќе изеде змија, доколку во краток период не се напие вода- умира.
Мозаикот е во бои кои доследно се пренесени во одејанието од овој модел везено на крем материјал за основа. Сино-зелениот модел е везен инверзно.