Стоби – тоте торба

1.800 ден


Уникатна торба со елементи од Давидовите псалми. Везот е дизајниран според Псалмот 42, кој е дел од мозаик при археолошкиот локалитетот Стоби, од така наречената „куќа на псалмите“.

Псалмот 42.1- „Како што кошутата жеднее по изворн водни, така и мојата душа жеднее за Тебе, Господи !“, ја споредува жедта на човекот за Бога – самиот Извор на Животот, со таа на кошутата. Имено, кога таа ќе изеде змија, доколку во краток период не се напие вода- умира.

Везот е во златни, црни, портокалови, зелени, бели и бакарни тонови. Употребен е квалитетен 100 % вискозен конец. Изработена е од памучен црн кепер материјал, цврст, двостран и отпорен на кинење.

 

Димензии: 28 x 38 cm
Боја: песок боја
Материјал: памучен кепер, Gunold Sulky 100% вискозен конец

 

SKU: GT1St Категории , , ,