Велјуса ѓаконски одејанија

 

Велјушкиот крст е основен мотив на овој модел на одејанија. Крстот првпат е прикажан во црквата „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјушкиот манастир, во околината на Струмица, кој датира од 1085 година. Претставен е на самата фасада на црквата, но исто така е и дел од архитектноската структура на самата црква.
Овој крст со уникатна сложена структура, немајќи ниту почеток, ниту крај, повторувајќи се постојано во својот образец, ја симболизира вечноста и Царството Небесно.
Во последните децении Велјушкиот крст стана препознатливо обележје на Македонската Православна црква.

Везот на овие одејанија е во две бои, особено што везот на деталите и ширитите е според моделот Ксенофонт

SKU: SGJ0VE Категории , ,