Велјушки крст- во рамка
1.000 ден
Крстот првпат е прикажан во црквата „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјушкиот манастир, во околината на Струмица, кој датира од 1085 година. Претставен е на самата фасада на црквата, но исто така е и дел од архитекoтнската структура на самата црква.
Овој крст со уникатна сложена структура, немајќи ниту почеток, ниту крај, повторувајќи се постојано во својот образец, ја симболизира вечноста и Царството Небесно.
Во последните децении Велјушкиот крст стана препознатливо обележје на Македонската Православна црква, како и на самата Струмичка епархија.
Димензии: 15 х 20cm
Боја: златна
Материјал:сатен, Gunold Sulky 100% вискозен конец.