Велјушки крст

1.500 ден

 

Приврзок за ланче со Велјушки крст, рачно изработен од анти-алергиска легура од 92,5 % сребро, без никел, со родимуска позлата, која го зголемува сјајот и трајноста. Ваквата обработка спречува потемнување и корозија, и го прави безбеден за постојано носење, за тие со сензитивна кожа .

Овој крст со уникатна сложена структура, немајќи ни почеток, ниту крај, повторувајќи се постојано во својот образец, ја симболизира вечноста и Царството Небесно.

Крстот првпат е прикажан во црквата „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјушкиот манастир, во околината на Струмица, кој датира од 1085 година. Овој крст е претставен на самата фасада на црквата, но исто така е и дел од архитектонската структура на самата црква.

 

 

Димензии: 2.5 х 2.5 cm
Материјал : сребро и родиум