Бројаници од восочен конец

350 ден

 

Најчесто се изработуваат од црна волна, или свиленкаст конец (суитаж). Црната боја го симболизира покајанието. Но, денес бројаниците можат да се сретнат во најразлични бои. Најмалите бројаници имаат по 33 јазли. Постојат и бројаници со 50 и 100 јазли. Монасите понекогаш користат бројаници со 300, 500 или 1000 јазли.
Преданието говори дека некаде околу четвртиот век по Христа, на еден монах во пустина ангел Господов му ја открил вештината на плетењето бројаници, откако тој усрдно се молел. Имено демоните му правеле искушенија расплетувајќи му ги јазлите што дотогаш самиот едноставно ги правел заради што не можел да го извршува целосно своето молитвено правило. Тогаш ангелот го научил да прави сложени топчиња на бројаницата, така што секое топче е составено од седум крстовидни внатрешни мали јазли, кои демонот не можел повеќе да ги разврзе.
Со помош на бројаницата се кажува Исусовата молитва која се состои од следните зборови: Господи Исусе Христе помилуј ме грешниот (грешната)! На секое топче од бројаницата оваа молитва се изговара посебно. Целта на молитвата е да го соедини човекот со Бога и да го исполни човековото срце со светлината на божествената благодат.

 


Боја:бела
Материјал: восочен конец

 

SKU: GB2Be Категории ,