Икона на Пресвета Богородица -Матка со оков

1.500 ден

Икона на Пресвета Богородица -Матка со леен оков од месинг.
Самата икона, според која е направена оваа икона со леен оков, е од 19-ти век, иконописана од Дичо Зограф или некој од неговите ученици. Димитар Крстев Дичов(1819г.-1872г.) е македонски иконописец, претставник на дебарската школа. Тој е еден од најпознатите иконописци и фрескописци на Балканот во 19-век. Во неговиот краток живот иконописал повеќе од 2.000 икони.
Иконата била дел од иконостасот во манастирот Матка, а денес има посебно место во самиот храм. Се случувало, многу ретко, да се види на неа- како просолзува Пресвета Богородица- Единствената, засекогаш, застапничка за сите.

 

Димензии икона: 6.9 x 9.3 cm
Димензии рамка: 16.7 х 19.7 х 2 cm
Материјал : месинг(легура на бакар и цинк), дрвена рамка, каширана икона.