Икона на Пресвета Богородица -Троеручица

4.500 ден

 

Иконата на Пресвета Богородица со Богомладенцот -Троеручица е изработена со рачно кован месинг.
Првата икона Троеручица е од VII век, кога по молитвите на Пресвета Богородица, на чудесен начин му била исцелена отсечената десна рака на св. Јован Дамаскин од иконоборците. Во знак на благодарност, св Јован дал да се изработи сребрена рака и да се постави на самата икона.
Иконата на Пресвета Богородица со Богомладенецот, со сребрен оков на нејзините раце, и додаден сребрен оков од рака- во спомен на чудото, според која е изрaботена гравурата на медалјонот, е дел од ризницата на Манастирот Успение на Пресвета Богородица – Матка.

Димензии оков: 25 x 32 х 3cm
Димензии застаклен дел: 19 х 26 cm
Димензии икона: 14.5 х 21.5 cm
Материјал : месинг(легура на бакар и цинк)
Шифра: GI4BT