Лесново- крст во рамка

800 ден


Крстот е компониран од детали од епитрахил на Св.Јован Богослов, фреска во олтарниот источен ѕид во храмот посветен на св. Архангел Михаил во Лесновскиот манастир. Првично е дизајниран и везен како граден крст на мал омофор од моделот „Лесново“.
Лесновскиот манастир е основан и посветен на св.Архангел Михаил во 11 век- од св.Гаврил Лесновски кој самиот 30 години живеел во испосница во околината, сочувана до денес. Возобновен е во 1341 година од Деспот Јован Оливер. Фрескоживописот, од кој се земени и споменатите детали за везот, е завршен во 1347 година најверојатно од четворица зографи.

 

Димензии: 10 х 15cm
Боја: црвена и златна
Материјал: сатен

SKU: GR4Le Категории , , , ,