Приврзок за клуч – Пресвета Богородица-Матка

170 ден

 

Приврзок за клуч со ласерска гравура на медалјон од месинг на иконата на Пресвета Богородица со Богомладенецот -Матка.
Самата икона, според која е направена ласерската гравура на медалјонот, е од 19-ти век, иконописана од Дичо Зограф или некој од неговите ученици. Димитар Крстев Дичов(1819г.-1872г.) е македонски иконописец, претставник на дебарската школа. Тој е еден од најпознатите иконописци и фрескописци на Балканот во 19-век. Во неговиот краток живот иконописал повеќе од 2.000 икони.

Иконата била дел од иконостасот, а денес има посебно место во самиот храм. Се случувало, многу ретко, да се види на неа- како просолзува Пресвета Богородица- Единствената, засекогаш, застапничка за сите.

 

Димензии: 3 x 5cm
Материјал : месинг(легура на бакар и цинк)