Шишевски филигрански крст

2.000 ден


Приврзок за ланче со Шишевскиот филигрански крст, рачно изработен од анти-алергиска легура од 92,5 % сребро, без никел, што го прави безбеден за постојано носење, за тие со сензитивна кожа.
Овој облик сосема ретко се сретнува во Македонија. Во античкиот период, единствено го сретнуваме на дел од архитравна гредичка од олтарна камена преграда од ранохристијанска базилика (рамковно 6-ти век), вграден во апсидата на храмот посветен на св.Атанасиј во Шишево (во околината на Матка). Интересно, иако е поставен дијагонално, едниот крак му е издолжен и го образува токму обликот на овој крст.
Филигранската изработка го истакнува изгледот на капки на неговите краци и му дава уште подлабоко значење.

Филигранството е најделикатен начин на обработка на накит, кој главно користи скапоцени метали, како злато и сребро, во уметнички изработки креирани со испреплетување на мали и минијатурни монистра и виулести нишки, меѓусебно или врз друг предмет, во една целина. Често неговата кревкост асоцира на текстура на чипка. Одлика е за уникатен луксузен дизајн и префинето занаетчиство.

 

 

Димензии: 2.6 х 3.3 cm
Материјал : сребро

 

SKU: GP1Ff Категории , ,