Шолја – Слепче
550 ден
Керамичка шолја со ракотворба на резбан орнамент, изработена со контурни пасти. Процесот на изработка, подразбира печење за прицврстување и поголема трајност на боите.
Ракотворбата е според детали од рачна плитка резба на иконостасот (дело на поранешната копаничарска работилница Емо-Охрид) и еднокрилна врата (дело на Миле Нестор) подготвени и поставени за храмот Успение на Пресвета Богородица- Матка, во 2000 год. Резбата е проект на Васил Илиев кој сите мотиви ги црпи од плитката резба на Слепчанската школа- автентичен стилски израз во резбарството во XIV век, создаден од монасите од манастирот св.Јован Крстител во Слепче.
Димензии:
Материјал : керамика, контурна паста, бои за керамика
Боја на шолја: бела-однадвор, зелена-одвнатре
Боја на контурни пасти: црна