Манастир Успение на Пресвета Богородица, Матка

МАНАСТИРСКИ ПРОИЗВОДИ

Скопска

Везови во рамка
Ташни
Шолји
Кадилници

Каталог

Скопска Блатија

Дизајните на елементите се според празнична носија од источно-скопскиот регион- познат под името Скопска Блатија.

Основен елемент е детал од ракавот од кошулата. Мотивот на везот е именуван „девет цвета“. Пет од нив образуваат крст вертикално-хоризонтално, а пет по двете дијагонали. Малиот крст опколен со златни нишки го има и централното место во бордурата.

Фотографијата е од 1919 година. Носијата е сега дел од музејска колекција. Везот е во 5  бои.

Кулу

Везови во рамка
Ташни
Шолји
Кадилници

Каталог

Кулу

Дизајнот е според дел од носија -волненa ткаенa наметка (слична на тесен тенок килим) која завршува со кратки реси, од Кулу, во во подножјето на Хималаите во Индија. Иако оригиналниот дизајн е од Кулу, истите елементи, со крстови, па дури и со исти бои, се широко користени на македонските традиционални носии и ткаени килими. Ткаењето се практикува во многу делови на светот. Едни од најстарите, се многуте зачувани примероци уште од раната христијанска ера во Египет, и се популарно познати како коптски ткаенини. Традиционалната носија во Кулу, исто, го задржала крстот како значаен дел од својот дизајн низ вековите. 

Црквата во Индија ја засновал светиот апостол Тома. Поставил свештеници и епископи, и пострадал маченички таму.

Филигран

Везови во рамка
Ташни
Шолји
Кадилници

Каталог

Филигран

Филигранството е најделикатен начин на обработка на накит, кој главно користи скапоцени метали, како злато и сребро, во уметнички изработки креирани со испреплетување на мали и минијатурни монистра и виулести нишки, меѓусебно или врз друг предмет, во една целина. Често неговата кревкост асоцира на текстура на чипка. Одлика е за уникатен луксузен дизајн и префинето занаетчиство.

Пеперутката има неколку фази на развој. Во првата таа е гасеница, потоа во втората фаза се обвива во кожурец. Последната- пеперутката е симбол на новото раѓање, воскресението, новиот живот, кон кој треба да се стреми секој христијанин.

Слепче

Шолји
Кадилници

Каталог

Слепче

Ракотворбата е според детали од рачна плитка резба на иконостасот (дело на поранешната копаничарска работилница Емо-Охрид) и еднокрилна врата (дело на Миле Нестор) подготвени и поставени за храмот Успение на Пресвета Богородица- Матка, во 2000 год. Резбата е проект на Васил Илиев кој сите мотиви ги црпи од плитката резба на Слепчанската школа – автентичен стилски израз во резбарството во XIV век, создаден од монасите од манастирот св.Јован Крстител во Слепче.

Денес, сестринството на Слепченската Претеченска обител, со Божја помош, низ долгогодишни истражувања и проучувања на Слепченското културно наследство, ја возобновува резбарската работилица во автентичен стил на некогашната плитка резба со доминација на плетеница.

Манастир Матка

Ташни
Шолји
Кадилници

Каталог

Храм Успение на Пресвета Богородица - Матка

Храмот, препознатлив по својата архитектура, е граден во 1337 година по урнек на светогорските храмови, а во форма на втиснат крст со едно кубе. Во самите ѕидови, како сведоштво за постоењето на постар храм, и своевиден приказ на континуитетот на Литургискиот живот, се вградени камени делови од олтарниот иконостас, столбови, пиластри со и без камена пластика сите од IV век. Самиот храм има централно место во манастирот-Матка, и е главно негово обележје.

Богородичната звезда е детал од постолјето за чудотворната икона на Пресвета Богородица- Матка.

Изберете

Манастирски производи

Според намената, има неколку типа на производи. Икони, бројаници, привезоци, оплементи чаши и кадилници. Лековити производи, конзервирани зимници. Везени производи.